„Ако некој може да го сопре Ѓоковиќ, тоа е Надал“

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да освои „Златен гранслем“ и со тоа да направи нешто што досега во тенисот и успеало само на легендарната Штефи Граф. Граф во 1988 година успеа да ги обедини сите четири гранд-слам титули и да го освои златниот медал на ЛОИ во Сеул.

Поранешниот австралиски тенисер, Даниел Кејхил смета дека едноставно Ѓоковиќ во моментов нема конкуренција и затоа е доминантен, но верува дека Надал може да го сопре на УС опен.

„Надал сака да игра во Њујорк. Досега беше многу успешен на УС опен и знам дека добро ќе се подготви за тврда подлога. Ако некој може да го сопре Ѓоковиќ, дефинитивно тоа е Рафаел Надал“, изјави Кејхил. 

Се вчитува...