Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш ги демантираше шпекулациите дека Марјан Вајда како услов за повторно да соработуваат побарал Пепе Имас да не биде дел од тимот на Србинот.
„Кога луѓето не знаат, почнуваат да шпекулираат. Кога ќе почнат да шпекулираат, почнуваат и да се измислуваат приказни. Не е вистина дека Вајда со нешто ме условувал. Не кријам дека поминав еден многу емотивен период, во кој сум и сега. Ми беше важно да се изборам со некои проблеми надвор од теренот“, изјави Ѓоковиќ.
Следен предизвик за Ѓоковиќ е настапот на Мастерсот во Мадрид кој почнува на 5. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА