Ѓоковиќ: Не победив и затоа плачам, но јас сум најсреќниот човек на светот (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, му честиташе на Данил Медведев за триумфот на УС Опен и му посака уште многу титули во иднина.

Србинот беше на чекор од историскиот успех и календарскиот Гренд слем. Во финалето го сопре рускиот тенисер, кој славеше со 6-4, 6-4, 6-4.

„Ви благодарам многу, луѓе! Му честитам на Данил. Неверојатен натпревар, неверојатен турнир. Ако некој заслужува Гренд слем титула сега, тоа е Данил. Одигра извонреден меч. Му посакувам уште многу титули. Сигурен сум дека ќе биде повторно на оваа сцена во иднина“, изјави Новак.

Ѓоковиќ оваа година запиша 27 последователни победи на најголемите турнири. Тој имаше голема поддршка и од публиката во неделата, но не успеа да испише нова историјата.

„Не победив и затоа плачам, но само едно сакам да кажам, иако не победив на натпреварот, јас сум најсреќен на светот, затоа што направивте да се чувствувам посебно на теренот. Никогаш не сум се чувствувал вака во Њујорк. Благодарам за се’ што направи за мене вечерва. Ве сакам и се гледаме наскоро“, заклучи Србинот.

 

 

Се вчитува...