Ѓоковиќ: Не сакам привилегии, ќе имам ист третман како и моите колеги

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не сака никакви привилегии надвор од теренот на претстојниот Австралија опен.

Имено, шпанска „Марка“ тврди дека Ноле се побунил кога дознал дека ќе биде во каротин во овој град, каде се очекува да бидат сместени тој, Рафаел Надал и Доминик Тим, како тројца најдобро пласирани играчи на АТП-листата, додека сите други играчи ќе бидат сместени во Мелбурн.

Исто така, трите најголеми ѕвезди во светот на женскиот тенис, Серена Вилијамс, Наоми Осака и Симона Халеп треба да имат посебни привилегии и посебен апартман.

Некои од играчите како Французинот Жереми Шарди се побунија против оваа одлука, затоа што сметаат дека тоа не е фер кон другите тенисери.

Заради ова, Ѓоковиќ наводно стапил во контакт со организаторите на Австралија опен и им рекол дека не сака никакви привилегии. Ноле потенцирал дека главниот услов да замине во Австралија е да биде сместен во Мелбурн заедно со сите останати тенисери.

Се вчитува...