Ѓоковиќ: Некогаш се чувствувам како мачка со девет животи

Во интервју за Еуроспорт, Новак Ѓоковиќ откри дека му требаат повеќе начини да се мотивира сега, во доцната фаза од кариерата.

Ѓоковиќ би сакал неговиот главен спонзор „Лакост“ да му сошие јакна „25“ за следната гранд-слем титула, доколку стигне до неа.

„Среќен сум со 24, но луѓето во мојата земја велат „зошто да не одам на 25, 30. Да беше толку лесно, ќе беше супер. Не знам како ви изгледа, но знам какво е чувството. Навистина треба да го заработите. Понекогаш се чувствувам како мачка со девет животи.  Секогаш кога играм Грен слем, губам еден живот“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...