Новак Ѓоковиќ јасно стави до знаење дека нема намера да го промени својот став околу вакцинирањето, дури и доколку тоа значи негово неиграње на гранслем турнирите до крајот на пандемијата на коронавирус.
Тој беше во центарот на скандалот на Австралија опен откако австралиските власти му ја укинаа веќе дадената виза и го депортираа од земјата, овозможувајќи му на Рафаел Надал да го мине на врвот на листата со играчи со најмногу гранслем трофеи во кариерата.
„Тоа е цената што сум подготвен да ја платам. Да, доколку се инсистира да бидам вакциниран, нема да играм, на Ролан Гарос, Вимблдон или на било кој друг турнир каде нема да ми биде дозволено. Сакам една работа да биде јасно, јас не сум против вакцинација. Но, од друга страна секогаш сум ја поддржувал слободата сам да бираш што ќе внесеш во сопственото тело. Тоа е мој многу важен принцип во животот и нема да го менувам за ниту еден трофеј и за ниту еден турнир“, изјави Ѓоковиќ во интервју за БиБиСи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА