Ѓоковиќ нема да може да ја брани титулата на Австралија опен?

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ можно е да не може да ја брани титулата на Австралија опен. Властите во Австралија донесоа одлука за забрана на влез на странски државјани и напуштање на континентот до 2022 година, што директно влијае и на Австралија опен, кој е закажан за јануари следната година. Првиот човек на австралискиот тенис Крег Тајли им упати предупредување на властите дека со оваа одлука турнирот едноставно нема да може да се одржи.

„Мораме да знаеме следните две недели до еден месец дали границите ќе се отворат и дали ќе можеме да го организираме турнирот. Ако тоа не е возможно, не знам што ќе правиме. Ќе мора да се направи друго сценарио“, изјави Тајли. 

Покрај грен-слем турнирот под знак прашање се и останатите турнири кои во јануари треба да се одржат во Австралија, а единствено решение е да се иземат спортистите од забраната за влез во земјата.

Се вчитува...