Ѓоковиќ нема да настапи во Мајами

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ тргна по стапките на Рафаел Надал, Роџер Федерер, Доминик Тим и многу други, откако реши да го повлече својот настап од мастерс турнирот во Мајами.

„Драги фанови, оваа година за жал нема да настапам во Мајами. Се одлучив да го искорстам ова драгоцено време да останам дома со моето семејство. Со оглед на сите рестрикции, морам да најдам баланс помеѓу времето поминато на турнеја и дома. Со нетрпение ја очекувам следната година“ – напиша Ѓоковиќ на својот Твитер профил.

 

Се вчитува...