Ѓоковиќ неприкосновен: Србинот ја започна 341-та недела на врвот на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 341-та недела на врвот на АТП листата. Ноле и оваа недела повторно ќе ја носи титулата „најдобар во светот“. Тој има 11.633 поени на врвот на АТП листата, Данил Медведев се уште е на второто место. Русинот во моментов има 10.575 поени.

Едно е сигурно, шампионот на УС Опен нема да го претекне српскиот тенисер до крајот на октомври.

Стефанос Циципас (8.175) остана трет, Александар Зверев четврти (7.603), а Андреј Рубљев петти (6.130). По нив следуваат Рафаел Надал, Матео Беретини, Доминик Тим и Роџер Федерер. Иако ја освои титулата во Сан Диего, Каспер Рад остана на десеттото место.

За потсетување, од оваа недела, најдобрите тенисери во светот ги очекува тенискиот турнир во Индијан Велс, на кој нема да учествува Ѓоковиќ.

Се вчитува...