Ѓоковиќ обелодени: Ова се моите три спортски херои од детството

Новак Ѓоковиќ ја доби наградата на Л’Екип за најдобар светски спортист за 2023 година, а во интервјуто за влијателниот француски весник тој говореше на најразлични теми.

Меѓу другото, Ѓоковиќ обелодени и кои се неговите три спортски херои од детството, кои само еден е тенисер, Пит Сампрас. Вториот е најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, а третиот сосема неочеувано – легендарниот италијански скијач Алберто Томба. Како легендарен спортист Новак го издвои и боксерот Мухамед Али.

„Трите идоли од детството ми се Сампрас, Џордан и Алберто Томба. Исто така, го ценам Мухамед Али и неговите невероајтни достигнувања, но и влијанието што го имаше врз општеството во тој период. Патеше поради тоа, осудуван е на затворска казна, мина низ бројни искушенија и затоа луѓето се идентификуваат со него“, изјави Ѓоковиќ.

Потоа, најдобриот светски тенисер посебно се осврна на Алберто Томба и на средбата што ја имал со скијачот пред повеќе од една деценија.

„Алберто Томба! Бомба!. Фантастичен човек, прв пат го запознав во Србија, прд повеќе од 15 години.Се уште се сеќавам, беше тоа вечера во многу луѓе, јас седев крај него, пресреќен, а тој беше толку забавен. Ми раскажуваше за се и сешто, освен за скијањето. Се договоривме еден ден заедно да скијаме. Имам играно тенис со Пит Сампрас, морам да скијам еднаш со Томба и да одиграм еден краток кошаркарски меч со Мајкл Џордан. Кога ќе го направам сето тоа, ќе се повлечам од сите спортови“, истакна Новак Ѓоковиќ

Се вчитува...