Ѓоковиќ одби да даде интервју во Мелбурн: „Нека ме казнат, нема проблем“

Новак Ѓоковиќ е подготвен да ја плати казната и да ги прифати сите последици што следат откако по мечот со Јиржи Лехечка, тој одби да разговара со Џим Куриер на теренот. Тој не сакаше да даде интервју како што е вообичаено по мечот, а сето тоа поради новинарот Тони Џонс, кој пред неколку дена ги навреди него и Србите на официјален пренос на турнирот.

Новак на конференцијата објасни дека тој е причината за сето ова и дека не зборувал поради него, а за тоа е подготвен да плати казна. Пред да дојде на пресот, тој разговараше и со директорот на турнирот Крег Тајли и се пожали на тоа. Едно од прашањата беше за деталите од разговорот со човекот кој е задолжен за првиот Грен слем сезонава.

„Како што ви кажав, му кажав и нему. Тој комуницираше со мојот агент и тимот. Имам одличен однос со Крег, тој е одличен човек, се обидува да им помогне на играчите, ги разбира нашите потреби и барања. Сигурно го знаеше мојот став и причините зошто го направив тоа, реков дека можам слободно да бидам казнет затоа што не дадов интервју, рече Новак.

Тој уште еднаш нагласи дека публиката не била причината и дека ништо толку страшно не се случило на теренот.

„Ништо посебно не се случи. На секој натпревар се случува нешто. Веќе објаснив зошто не дадов интервју, тоа не е поради публиката “, заклучи Ѓоковиќ.

Се вчитува...