Новак Ѓоковиќ на крајот остана и без бронза на Летните олимписки игри во Токио, откако во малото финале загуби од Шпанецот, Пабло Карено Буста со 2-1, по сетови 6-4, 6-7 и 6-3.
Исфрустрираноста од вчерашниот пораз од Зверев го држеше првиот рекет и денеска, кога дефинитивно беше и премногу нервозен. Неколку пати ги кршеше рекетите, а во една ситуација еден од нив беше лансиран на трибините.
Финалниот меч во машка конкуренција во сингл меѓу Александар Зверев и Карен Хачанов е закажан за утре.
Во женски парови бронзата им припадна на Бразилките Лаура Пигоси и Луиза Стефани кои во крајно интересен меч со 2-1 (4-6, 6-4 и 11-9), славеа над Русинките, Елина Веснина и Вероника Кудерметова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА