Ѓоковиќ остана и без еден од спонзорите, и без тренер

Во ист ден откако „Пежо“ објави дека нема повеќе да биде спонзор на тенисерот Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер и долго време број 1 на АТП листата остана и без тренер. Денеска дојде до разделба со тренерот Маријан Вајда, кој ја прекинува долгогодишната соработка со Ѓоковиќ.

Вајда ќе го напушти стручниот штаб на Ноле, а останатиот дел ќе биде и понатаму со него: Горан Иванишевиќ како главен тренер, и физотерапевтите Милјан Амановиќ и Улисес Бадио, како и кондицискиот тренер Марко Паники.

Вајда беше со Новак цели 15 години. Во еден момент имаа прекин на соработката, кога Ѓоковиќ се опоравуваше од повредата на лакотот.

Се вчитува...