Ѓоковиќ: Освоив три грен-слем титули и ова не е мојата најдобра година… убаво е да сте Новак

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го доби драматичниот натпревар кој траеше повеќе од три часа против Холгер Руне во првиот меч од зелената група на АТП завршниот турнир во Торино и со тоа го осигура првото место на крајот на сезоната на АТП листата.

За Ѓоковиќ тоа ќе биде рекордна, осма година која ќе ја заврши како најдобар светски тенисер. Во неа Србинот славеше на три грен-слемови, а играше и финале во четвртиот па доби интересно прашање дали смета дека тоа е неговата најуспешна година во кариерата, прашање на кое имаше интересен одговор.

„Хмм… Би кажал дека е една од најдобрите. Не би рекол дека е најдобра, но една од најдобрите. Мислам, факт е дека освоив три од четири грен-слемови и играв во финалето во четвртиот и повторно тоа не е најдобрата година од мојата кариерата. Убаво е да сте во таква ситуација“, изјави Ѓоковиќ низ смеа па потоа продолжи:

„Дефинитивно е една од најдобрите сезони. Имав неколку години, мислам дека се три кога исто така освојував три грен-слем турнири. Мислам дека беа во 2011 и 2015. Тие години играв повеќе мечеви и имав повеќе победи, се чувствував доминантно.

Оваа година играв добро, а најмалку од сите останати. Успеав да достигнам врвна форма на вистинските турнири во вистинско време. Тоа ми е најважно. Ако гледам само грен-слемови, една од најдобрите години. Вкупно гледано во последните неколку месеци не загубив меч по Вимблдон. Се чувствувам одлично на теренот и играм многу добро, но тешко ми е да споредувам“, заврши Србинот.

Се вчитува...