Новак Ѓоковиќ вчера беше присутен во арената во Мадрид на кошаркарскиот натпревар меѓу Реал и Црвена Звезда, по што беа подгреани надежите дека српскиот тенисер ги надминал проблемите со повредата и ќе може да настапи на претстојниот мастерс-турнир во шпанската метропола.
Денеска, за жал, пристигна официјална потврда за спротивното, откако Ѓоковиќ објави дека сепак нема да може да настапи на овој силен турнир.
„За жал, нема да можам да играм во Мадрид оваа година. Се уште работам на опоравувањето од повредата. Се гледаме наскоро“, порача најдобриот светски тенисер на сите времиња.
Новак се уште нема настапено на ниту еден турнир на земјена подлога, со што сериозно се компликуваат неговите подготовки за Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

