Ѓоковиќ откри дали ќе продолжи соработката со Троицки и по Ролан Гарос

Една од главните тениски теми во изминатата недела беше доаѓањето на Виктор Троицки во тимот на Новак по раскинувањето на соработката со Миомир Кецмановиќ.

Бидејќи новата постава помина добро во Париз, српските медиуми беа заинтересирани дали е постигнат долгорочен договор со Виктор Троицки, или ќе продолжи од турнир до турнир?

„Во врска со соработката со Виктор се договоривме да соработуваме до крајот на годината. Значи, дотогаш ќе бидеме заедно, а потоа ќе видиме што и како ќе продолжиме“, истакнува Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...