Ѓоковиќ откри за кого ќе навива во финалето на ЕП

Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер на денешницата, но српскиот тенисер воедно е и голем фудбалски фан кој не ги крие симпатиите кон Црвена Звезда, како и кон италијанскиот гигант Милан.

Во пресрет на утрешното финале на Вимблдон, Новак откри за кого ќе навива и во финалната пресметка од ЕВРО 2020, своите симпатии наклонувајќи им ги на Италијанците.

Беретини е првиот Италијанец што стигнал до финале во машка конкуренција на Вимблдон во 144-годишната историја на британскиот гранслем турнир, но Ѓоковиќ се надева дека ќе го запре овој ривал и ќе стигне до својата 20. гранслем титула во кариерата.

„Фудбал и тенис во ист ден, Мама миа Италија, тоа е фантастично“, прокоментира Ѓоковиќ за Скај Спорт Италија, па продолжи: Се надевам дека ќе бидат два прекрасни меча, но дека Италија ќе се радува само вечерта. Таа селекција е мојот фаворит за финалето“.

Се вчитува...