Ѓоковиќ: Ова ми беше еден од трите најдобри мечеви во кариерата

Новак Ѓоковиќ со право беше горд на себе по извонредното издание на полуфиналето против Рафаел Надал, во кое за првпат во кариерата успеа да го совлада шпанскиот ривал на терените на Ролан Гарос.

Српскиот тенисер обезбеди пласман во големото финале, каде утре ќе се сретне со Стефанос Циципас, но се чини дека потешкиот дел од задачата на патот до трофејот е минат со триумфот над Надал.

„Сите многу добро ги знаеме бројките на Надал на Ролан Гарос. Да го победите овде е како да се искачите на Монт Еверест, а јас успеав во тоа. Нема сомнеж, ова ми е најдобар меч што го имам одиграно во Париз, еден од трите најдобри во целата кариера. Ова беше дуел што ќе се памети засекогаш, двајцата имавме одлична поддршка, среќен сум што публиката остана до самиот крај“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...