Ѓоковиќ: Овие 48 часа ќе ги паметам додека сум жив

Новак Ѓоковиќ уште еднаш потврди зошто е најдобар тенисер на денешницата, откако Србинот го демонстрираше својот неверојатен победнички карактер, враќајќи се од негатива од 0-2 во сетови за триумф над Циципас во големото финале на Ролан Гарос.

Пред помалку од два дена Новак го запре супериорниот Рафаел Надал, нанесувајќи му го само третиот пораз во кариерата на овој турнир, за денеска повторно да блесне и да стигне до својот 19. гранслем трофеј во кариерата.

„Ова се два незаборавни денови за мене, дефинитивно овие 48 часа ќе ги паметам додека сум жив. Сон е да се биде овде и по една ваква борба да го освојам еден од најзначајните трофеи во нашиот спорт. Многу добро знам низ што минува Стефанос Циципас, и јас имам губено гранслем-финалиња. Сепак, ова се моменти од кои најмногу се учи и верувам дека тој ќе излезе уште посилен по денешниот пораз и дека во иднина ќе освои многу трофеи на најголемите турнири“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...