Ѓоковиќ пак се мачеше, но се „протна“ во третото коло на Индијан Велс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од првиот Мастерс сезонава во Индијан Велс, откако слаеше против Британецот Кајл Едмунд со 6-4,7-6(5).

Ѓокович со доста мака ја продолжи серијата победи во Калифорнија каде триумфираше во претходните три сезони. Вториот светски тенисер воопшто не блескаше, играше со доста осцилации против 46-от тенисер во светот, но на крајот успеа да слави.

Во следната рунда натпревари Ѓоковиќ ќе се соочи со Аргентинецот Хуан Мартин дел Порто, кого неодамна го совлада во Акапулко. Дел Потро беше подобар од Федерико Делбонис со 7-6(5), 6-3.

Се вчитува...