Ѓоковиќ пак загуби сет, но стигна до третото коло од УС Опен

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од УС Опен откако и на вториот меч во Њујорк српскиот тенисер загуби сет, но не дозволи тоа да влијае врз конечниот исход на мечот. Ѓоковиќ за ривал го имаше Тенис Сандгрен, кој по лесно загубените први два сета со 6-1, 6-3 заигра нешто подобро и третиот го доби во тајбрејк. Сепак, тоа беше се што Сандгрен успеа да стори, па Ѓоковиќ се врати во ритам и го доби четвртиот сет со резултат 6-2.

Следен противник на српскиот тенисер ќе биде Ришар Гаске, прв посериозен ривал на Ѓоковиќ во атакот на трофејот на овој гранслем трофеј.

Алекс Зверев за првпат во кариерата го мина второто кoло од УС Опен откако– лесно славеше над Николас Мау со 6-4, 6-4, 6-2.

Најубедлив од сите беше Марин Чилиќ, кој го демолираше Хуркач од Полска со 6-2, 6-0, 6-0, додека Монфилс го предаде дуелот со Нишикори при негатива од 0-1 во сетови.

Се вчитува...