Ѓоковиќ планира тренерска по завршување на тениската кариера

Новак Ѓоковиќ со вчерашниот триумф на мастерсот во Париз успеа и седма година да осигура прво место на АТП листа на крајот на годината. Првиот рекет во светот вели дека по завршувањето на професионалната кариера планира да стане тренер.

Тој вели дека не сака неговото знаење да го носи во грб и дека ќе биде тука за младите тенисери.

„Се гледам себе како тренер. Го сакам овој спорт. Не е важно дали победувам или губам, јас го обожавам тенисот. Сакам и кога сум со моите деца на терен, кога го гледам на телевизија или во живо и секако кога можам на младите да им го пренесам моето знаење. Се трудам се што научив да им го пренесам на младите генерации. Знаењето може да биде клетва ако не го употребиш“, изјави Ѓоковиќ. 

До крајот на годината Ѓоковиќ го очекуваат уште настапи на завршниот АТП мастерс куп во Торино, како и Дејвис купот.

Се вчитува...