Ѓоковиќ по јубилениот трофеј: Семејството ми даде сила, фала што бевте со мене…

Новак Ѓоковиќ не го криеше воодушевувањето што по долго чекање конечно си ја оствари големата желба – закитувајќи се со јубилејниот трофеј број 100 во кариерата.

Србинот по голема битка го совлада Хуркаш во финалето во Женева, во второто финале во 2025 година конечно стигнувајќи до толку посакуваната титула.

„Би сакал да се заблагодарам на семејството, сопругата, децата кои три дена не беа на училиште за да се тука крај мене… Семејството ми даде сила, ве сакам сите, ви благодарам што дојдовте за мојот роденден, многу ми значеше“, изјави Новак, кој пред два дена го прослави својот 38. роденден.

Ѓоковиќ е само третиот во тениската историја што стигнал до трицифрен број на трофеи во кариерата, а пред него се само Џими Конорс со 109 и Роџер Федерер со 103 пехари.

Србинот не заборави да се заблагодари и на членовите на својот тим…

„Можам само да ви кажам едно големо благодарам, не затоа што сте со мене во добрите, туку и во лошивре моменти… Благодарам што ги истрпевте критиките за време на мечот. Треба да се знае да се издржи тоа ниво на лудило што јас некогаш го имам на теренот. Секако, и вие сте заслужни за оваа стотка. Фала ви момци“, порача Ѓоковиќ свртен кон ложата каде се наоѓаа неговите тренери во арената во Женева.

Се вчитува...