Ѓоковиќ по маратон и голема борба подобар од Баутиста

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртото на Ролан Гарос откако по голема битка славеше против Роберт Баутиста со 6-4,6-7,7-6,6-2.

Ѓоковиќ го одигра еден од најтешките свои мечеви сезонава, но на крај по речиси четири часа славеше против упорниот Шпанец.

Во осминафиналето Србинот ќе игра против Фернандо Вердаско, кој по три часа славеше против фаворизираниот Григор Димитров.

Се вчитува...