Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ направи победнички кам-бек во САД откако за првпат по две години пауза заигра во оваа земја.
Тој во второто коло на АТП мастерс 1000 турнирот во Синсинати беше подобар од шпанскиот тенисер Алехандро Давидович-Фокина. Шпанецот откако го загуби првиот сет со 6-4, во вториот мораше да му предаде на еден од најдобрите тенисери на сите времиња.
Во осминафиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има Французинот, Гаел Монфис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА