Ѓоковиќ понижен од Медведев на завршниот Мастерс во Лондон

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ загуби од Русинот Данил Медведев во мечот од второто коло во групата „Токио 1970“ на Завршниот АТП турнир кој се игра во „О2“ арената во Лондон.

Медведев го одигра можеби и најдобриот меч во кариерата и на крајот стигна до максимална победа од 2-0, по сетови 6-3 и 6-3.

Со оваа победа Медведев обезбеди полуфинале на турнирот, додека Ѓоковиќ во петок против Александар Зверев во директен меч ќе одлучува за вториот патник меѓу четирите најдобри.

Се вчитува...