Ѓоковиќ поради замор нема да настапи на турнирот во Канада

Новак Ѓоковиќ го пропушта турнирот во Канада поради замор, потврди самиот српски тенисер. Настапот на Вимблдон каде загуби во големото финале од Карлос Алкараз го зема данокот, а во пресрет УС Опен рекордерот по бројот на освоени грен-слем титули одлучи да го продолжи одморот.

Српскиот ас сепак се надева дека во иднина повторно ќе има место за него во Торонто.

„Секогаш уживав во Канада, но по разговорот со мојот тим донесов одлука која сметам дека е вистинска. Сакам да му се заблагодарам на Карл Хејлу, директорот на турнирот за разбирањето за оваа одлука. Навистина се надевам дека во иднина ќе имам можност повторно да играм во Канада, во Торонто пред неверојатната публика“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...