Ѓоковиќ поразен на стартот на турнирот во Синсинати

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација во првото коло на мастерсот во Синсинати во игра на двојки.

Ѓоковиќ заедно со својот партнер, сонародникот Никола Чачиќ во првото коло загуби со 2-0, по сетови 6-4 и 6-2 од британско/новозеландската двојка Џејми Мареј и Микаел Венус.

Српскиот тенисер сега се насочува кон сингл конкуренција каде веќе утре во второто коло ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Шпанецот Давидович-Фокина и Аргентинецот, Ечевери.

Се вчитува...