Ѓоковиќ потклекна кога беше најважно и загуби од Фонсека

Новак Ѓоковиќ е најновиот во низата фаворити кои се елиминирани во овогодинешното издание на Ролан Гарос, губејќи со 2-3 од Бразилецот Жоао Фонсека во меч во кој српскиот тениски великан имаше предност од 2-0 во сетови што сепак се покажа недоволно за да се стигне до следната рунда и да се продолжи атакот на 25. гранслем турнир во кариерата.

Дуелот почна со доминација на Ѓоковиќ кој поведе со 5-1, потоа добивајќи го првиот сет со 6-4. Новак го исконтролира и вториот сет, поведувајќи со 2-0, но следеше пеколен одговор на 19. годишниот Бразилец и израмнување на 2-2. Ѓоковиќ прв стигна до брејк во решавачкиот сет поведувајќи со 3-1, но следеше експресен одговор на противникот и израмнување на 3-3.

Клучен момент беше 11. гејм кога при 5-5 Фонсека ја искористи третата брејк-шанса, со фантастичен скратен удар оставајќи го Ѓоковиќ на колена. Бразилецот потоа спаси една брејк топка, го освои сопствениот сервис за конечна победа од 4-6, 4-6, 6-3, 7-5 и 7-5, втора победа во низа за Фонсека во ситуација кога губи со 0-2 и успева да се врати (истото го стори и во претходната рунда против Хрватот Прижмиќ).

Менсик одигра уште еден неверојатен меч во кој Чехот го загуби првиот сет од Де Минор со макимални 0-6, но потоа возврати со неверојатна игра до крајот, добивајќи ги следните три сета со 6-2, 6-2, 6-3.

Oгромно изненадување направи Холанѓанецот Јеспер де Јонг (106. на АТП-листата), кој влезе во главниот турнир како „лаки лузер“, но денеска славеше со 3-2 во сетови елиминирајќи го Хачанов.

Пласманот во следната рунда обезбеди и 29-годишниот Шпанец Жодар, кј го доби маратонот против Микелсен, враќајќи се од 1-2 за триумф од конечни 3-2 и пласман во следната рунда каде го очекува дуел со сонародникот Карено Буста.

Се вчитува...