Новак Ѓоковиќ си осигура фантастична заработувачка од 40 милиони евра откако потпиша нов договор со „Лакост“ , со која српскиот тенисер ќе остане заштитно лице на оваа француска компанија до 2025 година.
Ѓоковиќ го потпиша првиот договор со Лакост во 2017 година, кога имаше голем пад во кариерата по незгодната повреда на лакотот. Во меѓувреме ситуацијата драстично се промени, Ѓоковиќ доминира на тениската сцена, па француската модна компанија неслучајно правеше се што може за што подолго да го „врзе“ Новак за свое заштитно лице.
„Партнери од 2017 година, Лакост и Новак Ѓоковиќ гордо можат да објават дека соработката продолжува до 2025. Врвен спортист, светскиот рекет број еден дели заеднички вредности со француското крокодилче, посветеност и елеганција“, се наведува во соопштението на Лакост.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА