Ѓоковиќ потврди дека не е вакциниран против Ковид-19

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, потврди дека не е вакциниран против корона вирусот. Федералниот суд на Австралија објави серија документи, кои беа искористени во случајот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Владата на Австралија, а на крај се огласи дека Ѓоковиќ треба да биде ослободен.

Меѓу нив се и транскриптите на разговорите помеѓу српскиот тенисер и граничната полиција на аеродромот. Ѓоковиќ изјавил дека не добил вакцина против вирусот. Тој, исто така, потврдил дека бил заразен два пати – еднаш во јуни 2020 година и втор пат во декември 2021 година.

Како што покажуваат документите, тој добил позитивен извештај на 16 декември. Иако судот првично го ослободи Новак, оттогаш се појави информација дека Србинот е повторно уапсен и му се заканува нова депортација.

Се вчитува...