Ѓоковиќ потврди: Нема да учествува на Мастерсот во Париз

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерсот во Париз потврди тенисерот број еден во светот. Тој нема да ги загуби бодовите од ланската титула осовена на турнирот во главниот француски град со оглед дека АТП го промени начинот на бодување и променетиот систем ќе важи до март следната година.

„Сакам да направам историја како број еден на АТП листата и да останам на првата позиција што е можно подолго и ќе направам се за да го постигнам тоа. Мој приоритет е да соберам што е можно повеќе бодови и да направам поголема разлика пред ривалите кои се зад мене пред почетокот на следната сезона“ – вели Ѓоковиќ.

Токму поради ова тој ќе биде дел од турнирот во Виена на кој би можел да освои 500 поени, а ќе биде и дел од завршниот турнир во Лондон каде што има многу бодови на располагање.

Се вчитува...