Ѓоковиќ потврди: Србинот нема да игра на Индијан Велс

Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на турнирот од Мастерс серијата во Индијан Велс кој е на програмата следниот месец, соопштија организаторите. 34-годишниот Србин кој загуби од Русинот Даниел Медведев во финалето на УС Опен ќе биде уште една sвезда која се повлекува од турнирот.

Претходно и Наоми Осака, женскиот светски рекет број еден Ешли Барти и поранешната најдобра светска тенисерка, Серена Вилијамс го откажаа учеството на овој тениски турнир.

„Многу ми е жал што нема да можам да ги видам моите обожаватели во Индијан Велс и да играм во пустината, едно од моите омилени места. Се надевам дека ќе се видиме следната година!”, изјави Ѓоковиќ.

 

 

 

Се вчитува...