Ѓоковиќ пред прекинот на осминафиналето постави нов рекорд

Спектакулраниот осминафинален натпревар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хуберт Хуркач беше прекинат пред 23 часот поради „полицискиот час“ кој не дозволува да се одигруваат натпревари еден час пред полноќ со цел да се заштити домашното население од бука.

Во моментот на прекин Ѓоковиќ поведе со 2-0 и тоа на спектакуларен начин, спасувајќи три сет топки и славејќи со 7-6. Со тоа Србинот ја зголеми низата на 14 последователни освоени тај-брејкови на грен-слем турнирите во една сезона со што воедно постави и нов рекорд.

Досега беше изедначен со Пит Сампрас, легендарниот американски тенисер, но од рекордот има нов сопственик.

Битката за четвртфинале помеѓу Ѓоковиќ и Хуркач ќе продолжи денеска попладне.

Се вчитува...