Ѓоковиќ преку Беретини до нов „мега-дуел“ против Надал

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал по 58 пат ќе се сретнат во кариерата откако Србинот славеше во четвртфиналето над Италијанецот, Матео Беретини со 3-1, по сетови 6-3, 6-2, 6-7 и 7-5.

По релативно лесно освоените први два сета, помалку неочекувано првиот рекет во светот го изгуби третиот сет во тај-брејк. Следуваше голема битка и во четвртиот сет во кој при резултат 6-5, Ѓоковиќ стигна до брејк кој значеше и триумф.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со својот голем ривал Рафаел Надал кој претходно денеска беше подобар од Аргентинецот, Диего Шварцман.

Се вчитува...