Ѓоковиќ преку Димитров во четвртфинале во Синсинати, победи и на Дел Потро и Чилиќ

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати откако во три сета славеше против Григор Димитров.

Мечот беше прекинат поради дожд изминатава ноќ во третиот сет при резултат 2-6,6-3 и 2-1 за Србинот во последниот сет. Продолжи денеска и Ѓоковиќ на крајот славеше со 6-4 во решавачкиот сет.

Противник на патот до полуфиналето ќе му биде Милош Раониќ и тоа веќе за два часа, односно по мечот меѓу Федерер и Мајер.

Пласман во четвртфиналето обезбедија и Мартин Дел Потро кој славеше против Киргиос во три сета, како и Марин Чилиќ кој го победи Русинот Качанов со 7-6,3-6,6-4.

Се вчитува...