Ѓоковиќ преку Тим до финалето во Мадрид

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Мастерс-турнирот во Мадрид откако српскиот тенисер по фантастична борба успеа да слави над Доминик Тим со 2-0 во сетови. Австриецот има за што да жали бидејќи и во двата сета прв стигнуваше до брејк, но Ѓоковиќ покажа и квалитет и карактер, се враќаше кога беше најважно и заслужено се најде во големото финале.

Тим одлично го почна мечот и поведе со 3-1 во гејмови. Ѓоковиќ експресно се врати и доби три гејма во низа, дојде до водство од 4-3, по што се играше израмнет тенис се со тај-брејкот. А тој мина во апсолутна доминација на српскиот тенисер и заслужена победа од 7-2. Вториот сет беше многу сличен на првиот повторно Тим прв стигна до брејк, но Ѓоковиќ веднаш возврати. Овојпат Новак имаше можност да го добие мечот без тајбрејк, откако имаше водство од 6-5 и сервис, но Тим успеа да го возврати ударот, за втор тајбрејк во полуфиналето. A во него Австриецот имаше водство од 3-2, за потоа првиот носител да преземе контрола, да слави со 7-4 и да го визира својот пласман во финалето.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Рафаел Надал и Гркот Циципас.

Се вчитува...