Ѓоковиќ преку Цонга во третото коло на Австралија Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно се справи со Французинот Жо Вилфрид Цонга и обезбеди пласман во третата рунда од грен-слем турнирот Австралија Опен. Тој славеше со 3-0 во сетови добивајќи го мечот за два часа.

Првиот сет го освои со 6-3 во гемови, а со добра игра продолжи и во вториот, добивајќи го со 7-5. Третиот сет Ѓоковиќ го комплетираше со 6-4 во гемови совладувајќи го 177. играч во светот.

Србинот во следната рунда ќе се сретне со Денис Шаповалов кој беше подобар во три сета од јапонскиот тенисер Таро Даниел.

Се вчитува...