Ѓоковиќ: Притисокот е привилегија, доволно сум искусен

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ свесен е за притисокот кој се наметнува со разговорите за освојување на „Златен-слем“, но вели дека научил да се носи и тоа да не влијае на неговата игра.

„Притисокот е привилегија. Без притисок нема професионален спорт. Доколку сакаш да бидеш на врвот мора да знаеш да се носиш со притисокот. Имам доволно искуство да знам како да излезам на теренот и да го одиграм својот најдобар тенис“, вели Ѓоковиќ. 

Ѓоковиќ во четвртфиналето на игрите во Токио ќе се сретне со домашниот натпреварувач Кеј Нишикори.

Се вчитува...