Ѓоковиќ продолжува да гази во Токио

Новак Ѓоковиќ продолжува со убедливите партии на олимпискиот турнир во Токио. Иако пред мечот претставуваше мала опасност, сепак Германецот, Јан-Ленард Штруф не успеа ниту малку да го намачи Србинот.

Првиот рекет на светот го доби мечот со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-3. Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против Шпанецот, Давидовиќ Фокина, а од вечерните мечеви кај мажите пласман понатаму обезбеди и Карено Буста кој беше подобар од Хрватот, Марин Чилиќ.

Кај дамите продолжува егзодусот на фаворитките, откако својот настап го заврши и Полјачката, Ига Швјонтек која беше поразена од годинашната полуфиналистка на Ролан Гарос, Шпанката, Бадоса. Во три сета пласман понатаму едвај обезбедија, Елина Монфис и Каролина Плишкова.

Се вчитува...