Ѓоковиќ против Надал во финалето во Рим

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе се борат за титулата на тенискиот Мастерс во Рим. Српскиот тенисер му се приклучи на Надал во финалето откако забележа полуфинална победа од 2-1 во сетови над Диего Шварцман.

За 47. Мастерс финале во карерата, Ѓоковиќ мораше во три сета откако му дозволи на Аргентинецот да го добие вториот сет во тај-брејк. Воведниот му припадна на првиот тенисер во светот со 6-3, идентично беше и во третиот решавачки сет.

Финалето утре во Рим ќе биде 54. меѓусебен дуел на Ѓковиќ и на Надал, прв по финалето на Автралија опен кое му припадна на Србинот. Тој има подобар биланс, 28 пати го победуваше Надал.

Се вчитува...