Ѓоковиќ прв финалист на мастерсот во Париз

Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Париз, откако во првиот полуфинален меч по пресврт славеше над Полјакот, Уберт Хуркач со 2-1, по сетови 3-6, 6-0 и 7-6(5).

Во првиот сет на Полјакот му беше доволен само еден брејк за негово освојување, додека вториот Ѓоковиќ го доби со максимални 6-0.

Во решавачкиот трет сет по голема борба успеа да слави со 7-6. Во финалето Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од второто полуфинале меѓу Медведев и Зверев.

Се вчитува...