Ѓоковиќ прв полуфиналист на Вимблдон

Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ со доминантна игра оствари пласман во полуфиналето на грен-слем турнирот Вимблдон, совладувајќи го Давид Гофан со 3-0 во сетови. Тој во полуфиналната пресметка ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Роберто Баутиста Агут и Гвидо Пела кој се игра во моментот, а Шпанецот има предност од 2-0 во сетови.

Ѓоковиќ го доби првиот сет во 6-4 во гемови, иако прв го загуби сопствениот сервис, но потоа во серија направи два брејка и стигна до посакуваната „шестка“. Со тоа и дефинитивно го скрши отпорот на Гофан.

Вториот сет го освои лесно и убедливо без ниту еден загубен гем, а во третиот му дозволи два гема на противникот од Белгија.

Се вчитува...