Ѓоковиќ: Рафа е фаворит на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ ги продолжува подготовките за сезоната на земја. Тој и Рафаел Надал во моментов се изедначени по бројот на гранд-слем турнирите откако и двајцата стигнаа до бројката од 22.

Со тоа посебен фокус се става на претстојниот Ролан Гарос, на крајот на мај и почетокот на јуни, но Новак очигледно му ја препушта улогата на шпанскиот тенисер кој има 14 титули во Париз.

„Веројатно ќе направам се што е во моја моќ за да ја изградам својата форма за таа да биде на својот врв во Париз. Надал очигледно е „крал на земјата“ и фаворит број еден без никакво сомневање“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...