Ѓоковиќ расположен: Имам трети рунди колку што Синер и Алкараз имаат години…

Новак Ѓоковиќ имаше причина за задоволство откако српскиот тениски великан одигра беспрекорен меч против Еванс, рутински пласирајќи се во третата рунда на Вимблдон.

Србинот беше првиот тенисер што 20 години во низа успеваше да го мине првото коло на Вимблдон, а со денешниот триумф стигна до третата рунда, каде ќе се сретне со сонародникот Кецмановиќ.

„Знам дека игра многу, многу долго. Ова ми беше 99. победа на Вимблдон, имам трети рунди речиси колку што имаат години Синер и Алкараз. Се уште уживам во овој спорт, го имам кажано тоа милион пати – ова е мојот омилен турнир кој секогаш бил мој сон. Секоја историја, секој рекорд што овде го уривам е специјален за мене, се чувствувамм привилегиран што можам да го сторам тоа“, расположен беше Новак Ѓоковиќ веднаш по триумфот над Еванс.

Тој говореше и за огромните промени во светскиот тенис од неговиот прв настап на Вимблдон, во 2005 година, па се до денеска.

„Секако, многу работи се променети. Немам толку време за да се навраќам кон минатото, да се биде на највисоко ниво сите овие години значи и преголемо откажување од многу работи. Не играм толку често како порано, а седмиците во кои сум слободен ги користам за да си играм со моите деца. Не се сеќавам сега најјасно на тие почетни години, но ќе има време – кога ќе пијам маргарити на плажа со Федерер и со Надал, ќе се потсетиме на сите тие моменти“, истакна Ѓоковиќ.

Се вчитува...