Ѓоковиќ: Размислувам дали да се вклучам во политика

Во интервју за француски „Л’Екип“, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека размислувал дали да се вклучи и во политиката, како можност да допринесе за подобар свет.

„Се што правам во животот правам чесно, совесно и одговорно. Не знам да ги завршувам нештата само до пола. Секогаш се обидувам да помогнам и да ја претставуваме својата држава на најдобар можен начин. Но не се ограничувам само на својата земја. Не можам да ја сакам мојата земја, а да ги мрзам сите останати. Напротив светот за мене е едно место за сите“ – вели Ѓоковиќ и дополнува:

„Да бидам искрен размислував да се вклучам на некој начин во политиката. Постојат причини зошто сме родени на некое место и зошто сме одбрани да бидеме јавни личности. Имаме многу непријатности и борба со самите себе но и должност кон државата, планетата и сите луѓе на овој свет“.

Се вчитува...