Ѓоковиќ рутински против Фучович за ново полуфинале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ е првиот полуфиналист во машка конкуренција на годинашното издание на Вимблдон, откако во четвртфиналето со максимални 3-0, по сетови (6-3, 6-4 и 6-4), славеше над унгарскиот тенисер Мартон Фучович.

Србинот одлично го отвори мечот и поведе со 5-0, по еден мал пад Унгарецот успеа за момент да се врати и да стигне до 5-3 што беше максимум што направи во првиот сет. Во вториот сет Фучович пружи најголем отпор откако успеа да биде во егал до резултат 4-4, а во последниот сет со ран брејк првиот рекет на светот ги разреши сите дилеми околу победникот.

Во полуфиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Русино, Карен Хачанов и Канаѓанецот, Денис Шаповалов.

 

Се вчитува...