Ѓоковиќ рутински против Томиќ на Мастерсот во Мајами, Монфилс се откажа

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ стартуваше со победа на Мастерсот во Мајами. Тој во второто коло славеше против Бернард Томиќ со 7-6(2), 6-2.

За Ѓоковиќ тоа беше шести дуел со тенисерот од Австралија и шеста победа. Мечот траеше 73 минути, без никакви проблеми за Србинот.

Во третото коло Ѓоковиќ го чека меч со Аргентинецот Федерик Делбонис кој по многу возбудувања во три сета славеше против Австралиецот Џон Милман со 7-5, 3-6, 7-6(2).

Изненадувањето на денот го приреди Полјакот Хуберт Хуркач кој во два сета со 6-4, 6-4 го победи третиот носител Доминик Тим.

Од настапот во Мајами се откажа Французинот Гаел Монфилс кој поради повреда на Ахиловата тетива одлучи да не излезе на тарен иако беше поставен за 16-ти носител на турнирот.

Се вчитува...