Ѓоковиќ: Сакам моите ривали да мислат дека можам да ја фатам секоја топка

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, истакна дека со години работи на усовршување на својата игра, за да биде подеднакво добар во секој аспект од теренот. Србинот се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако по четири сета го совлада Матео Беретини.

Ова беше негова 224-та победа над тенисер кој се наоѓа во топ 10, поставувајќи нов рекорд.

„Знам кои се моите предности и ги користам. Работев со години на усовршување на мојата игра, така што практично нема да има недостатоци. Се разбира, секој има свои слабости, секогаш може да се работи на нешто. Сакам да имам комплетна игра, за да можам да се адаптирам на било која подлога, против секој ривал, и тактички да го применам она што ми треба во тој конкретен натпревар за победа. Се разбира, сакам моите ривали да мислат дека можам да ја фатам секоја топка, дека можам да играм без проблеми од основната линија. Поради мојата конституција, јас секогаш обрнував подеднакво внимание на сите аспекти на физичката кондиција – сила, флексибилност, подвижност, брзина. момент“, изјави Новак.

Ривал на првиот рекет во светот во борбата за финалето ќе биде Александар Зверев. Инаку, Ѓоковиќ сега го делат две победи од своето историско достигнување и календарскиот Гренд слем.

Се вчитува...