Ѓоковиќ: Се беше идеално, не ја ни почувствував повредата на задната ложа

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го одигра најдобриот натпревар на годинашното издание на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен. Србинот во осминафиналето го декласираше домашниот тенисер, Алекс де Минаур со максимални 3-0 по сетови 6-2, 6-1 и 6-2.

Србинот по натпреварот околу повредата изјави дека не ја почувствувал повредата на задната ложа со која се мачи цел турнир.

„Не можам да кажам дека ми е жал што не гледавте долг меч. Сакав да победам со 3-0 бидејќи никогаш не се знае што ќе биде на теренот. Мислев дека првите четири/пет гејма беа тесни, но потоа се чувствував опуштено и почувствував дека е малку нервозен и тоа беше мојата шанса да профитирам. Тенисот е брз и динамичен спорт и се може да се смени многу брзо. Го задржав фокусот и го одиграв најдобриот меч годинава. Не почувствував ништо околу повредата денеска и беше одлично. Му благодарам на мојот медицински тим и сите кои ми помогнаа. Продолжувам понатаму и не сакам да славам прерано“, изјави Ѓоковиќ. 

Во четвртфиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има Русинот, Андреј Рубљов.

Се вчитува...